домаСветАфД – десничарската Алтернатива за Германија во анкетите ја „збриша“ коалицијата предводена...

АфД – десничарската Алтернатива за Германија во анкетите ја „збриша“ коалицијата предводена од канцеларот Мерц

- Advertisement -spot_img

Десничарската Алтернатива за Германија со рекордни 30 проценти поддршка од населението, нов удар и се послаба позиција за коалицијата предводена од канцеларот Фридрих Мерц..Најновото истражување на јавното мислење во германија , направено за весникот Билд, покажува дека афд, партијата која својата кампања ја темели на антимигранстката политика, , добива се поголема поддрша меѓу населението..Од друга страна, Конзервативниот блок , составен од Христијанско-демократската и Христијанско-социјална унија, падна под 20% …..Според првиот човек на Агенцијата која го направи истражувањето, партиите кои се дел од владеачката коалиција, ќе треба да направат темелни промени ако сакаат да го прекинат овој негативен тренд. 

БИЛД: „Крајнодесничарската партија предводена од Алис Вајдел и Тино Хрупала се искачува за уште еден процентен поен и за првпат во истражувањата на ИНСА достигнува 30 проценти. Така, предноста сега изнесува 12 процентни поени. И во други анкети, АФД во последно време дополнително ја зголеми разликата. “

Анкетата е објавена во пресрет на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин…Резултатот од гласањето се очекува да биде голем тест за политичката иднина на канцеларот Фридрих Мерц, особено по тешкиот пораз на конзервативците на изборите во Саксонија-Анхалт кои се оддржаа  минатиот месец..Десничарската алтернатива за Германија, тогаш освои дури 43,8 отсто од гласовите…

Резултатите од анкетата истовремено покажале и големо незадоволство од работата на Канцеларот..Речиси 80 проценти од испитаниците изјавиле дека се незадоволни од работата на Мерц – еден процентен поен помалку од последното истражување спроведено на почетокот на септември…Слична е состојбата и со сојузната влада: само 14 проценти се задоволни од нејзината работа, што е за три процентни поени помалку отколку на почетокот на септември..

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img