Дали Брисел може да помогне во надминувањето на спорот со Бугарија и како Македонија да ја искористи потенцијалнтото раздвижување околу интеграциите со Европската унија?
Рано е да се каже во каков формат Европската унија би се вклучила во процесот за надминување на спорот со Бугарија, но она што Македонија треба да го направи е да ја искористи шансата и да покаже проактивност во тој процес.
Ова е став на Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика, која во разговор за Телма последната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на земјава, оцени дека биле со попозитивен тон од нејзините претходни посети.






