Мостот „Љубљанска“, кој треба да биде важна артерија за поврзување на северниот и западниот дел на Скопје, ќе биде пуштен во употреба до крајот на оваа година, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Соопшти и дека во тек е пробивање на трасата за мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој треба да ги поврзе Аеродром и Гази Баба.






