домаХроникаДвапати претепан вработен во Агенција за обезбедување во Штип, полицијата го истражува...

Двапати претепан вработен во Агенција за обезбедување во Штип, полицијата го истражува случајот

- Advertisement -spot_img

Вработен во Агенција за обезбедување во Штип, двапати во ист ден бил претепан од две лица во градот, при што се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите на М-Нет телевизија, првиот напад се случил при вршење проверка на објект во нас. Сењак, по него со автомобил тргнуваат две лица. Кај една од зградите во истата населба, го пресретнуваат и му го попречиле патот, по што излегле од возилото и физички го нападнале. Обезбедувачот успеал да се извлече и да стигне до Итната медицинска помош, но според информациите, таму следувал и втор напад, на паркингот пред установата. Како што подетално соопштуваат од страна на СВР Штип, случајот во полиција го пријавила сопругата на оштетениот, меѓутоа до моментов лицето нема пријавено настан во СВР Штип.

„Од страна на сопругата на лицето на 28.09.2026 година е пријавено дека истиот со повреди дошол дома, меѓутоа до моментов лицето нема пријавено настан во СВР Штип.“, соопштуваат од СВР Штип

Дополнително од секторот велат дека, полициските службеници од полицинската станица Штип контактирале со лицето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img