Со јавната дискусија со конкретни предлози во рамки на пет тематски целини околу прашањето: „Надвор од институциите, каков проект за европско општество: европски вредности, социјална Европа, еколошка Европа, економска Европа и културна Европа?“ се заокружи четиридневната меѓународна конференција „Европски дијалози“, како дел од програмата „Споделени хоризонти“. Оваа програма има за цел да го зајакне дијалогот меѓу младите во Западен Балкан, во контекст на проширувањето на Европската Унија.
„Мислам дека е многу важно ова издание да се одржи на Балканот, регион којшто се наоѓа на клучен крстопат во историјата на Европа и на место за кое што ние Французите се обидуваме повторно да се инвестираме со значителни средства пред неколку години“, изјави Кристоф ле Риголе, амбасадор на Франција во Македонија
„Мислам дека најсилниот европски проект или дијалог кој што можеме да го водиме е да создадеме простор во којшто ќе им дадеме уверување на генерациите дека ниту една граница не им ги одредува границите на нивните можности, на нивните иновации, на можноста за работа и претприемништво. И еве една порака за крај време е да престанеме да ги подготвуваме младите само за европската иднина или да зборуваме за европските вредности и наследства, туку да почнеме да им даваме европска сегашност“, изјава Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Либерално-демократската партија.
„Не смееме да бидеме апатични. Ако работите слабо или бавно се движат најлесно е да кажете ќе застанам и јас. Не можете да кажете институциите да се променат доколу и вие не се промените. Општеството мора да отвори простор за младите луѓе да партиципираат“, рече Андра Ибрахими.






