домаМакедонијаНова пратка македонски пиперки означени со „сериозен ризик“ запрени во Хрватска –...

Нова пратка македонски пиперки означени со „сериозен ризик“ запрени во Хрватска – во земјава идната недела итен состанок

- Advertisement -spot_img

Нов црвен аларм од Хрватска за пратка со зеленчук од Македонија. Неофицијално, идната недела надлежните седнуваат на состанок да бараат решение. До Европскиот систем за брзо предупредување за храна, за само 10 дена стигнале уште две известување од Хрватска, за спорни пратка со лути пиперки испорачани од земјава. Во системот на Европската комисија пратката е означена со сериозен ризик.

Новите известувања ја ставаат под лупа безбедноста на домашните производи кои излегуваат од границите на македонскиот пазар.

Хрватска и претходно реагираше до европскиот систем за 50 тони овошје и зеленчук од Македонија. И тогаш стануваше збор за пиперки, но и пратки со сливи.

Телма претходно објави и дека вратени пратки од Бугарија и Црна Гора со пиперки и трпезно грозје заради утврдени пестициди над дозволеното, завршиле на домашен пазар откако АХВ направиле проверки во домашните лаборатории. Тогаш резултатите биле негативни, па паднало одлука истите да бидат пуштено во промет во земјава или на преработка.

Телма побара одговори од Агенцијата за храна, зошто откако биле вратени повторно се проверувале во земјава и од кога се применуваа праксата, но и зошто се разликуваат резултатите.

Од Агенцијата тврдат дека по изминување на одреден временски период нивото на хемиски средства паѓа и тие се безбедни, а проверките во домашни лаборатории се применувале од порано.

Кај голем дел од препаратите, по изминување на временските рокови од момент на употреба до берба и транспорт, хемиските средства се разградуваат, односно паѓа нивното ниво под максимално дозволените концентрации, со што тие не се штетни по здравјето на луѓето. Во конкретните случаи, пратките по враќањето биле безбедни, што е потврдено со лабараториски анализи, пишува во одговорот од Агенцијата за храна и ветеринарство

Според, неофицијални информации идната недела ќе се состанат претставници од Агенцијата за храна и од инспекторатот за земјоделство за да се анализираат причините и да се најде решение за проблем, затоа штом изминатиот период имало доста известувања за испорачани пратки со овошје и зеленчук од земјава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img