Кристијано Роналдо во минатото имал неколку познати врски, а една од неговите поранешни девојки е британската актерка Џема Аткинсон.

Нејзина стара изјава повторно привлече внимание, откако открила дека по раскинувањето ѝ билa понуденa големa сумa пари за јавно да зборува лошо за португалскиот фудбалер.
- Ми понудија многу пари за да зборувам лошо за него. Не сакав да го направам тоа. Немав ништо негативно да кажам за него, изјавила Аткинсон.
Таа открила и интересни детали од нивната прва средба, која била далеку од гламурозна.
Роналдо тогаш отишол кај неа дома, каде што пиеле чај и ја гледале популарната британска серија „Само будали и коњи“.
Аткинсон вели дека не знае дали Роналдо навистина сакал да ја гледа серијата, но таа во тој момент, едноставно, се прикажувала на телевизија.






