домаЕкономијаБројот на работниците во индустријата намален за 3% во август

Бројот на работниците во индустријата намален за 3% во август

- Advertisement -spot_img

Бројот на работниците во индустријата во август годинава е намален за 3 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем пад на бројот на работници е забележан во секторот „Рударство и вадење камен“, каде што намалувањето изнесува 8 отсто, објави 4news.mk Во „Преработувачката индустрија“ бројот на работници е намален за 2,8 отсто, додека во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ е регистриран раст од 0,7 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во август 2026 година во однос на август 2025 година е намален во сите групи. Кај „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ падот изнесува 4,4 отсто, кај „Интермедијарни производи, освен енергија“ 3 отсто, а кај „Енергија“ и „Капитални производи“ по 2,3 отсто.

Намалување од 2,1 отсто е регистрирано и кај групата „Трајни производи за широка потрошувачка“.

Статистиката покажува пад и на кумулативно ниво. Во периодот јануари – август 2026 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 отсто во споредба со истиот период во 2025 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img