Криста Гејл Пајк, 50-годишна затвореничка осудена на смрт во Тенеси, преживеа обид за егзекуција откако прими две дози „пентобарбитал“. По речиси еден час откако почна постапката, таа сè уште дишеше и беше однесена во болница, а гувернерот Бил Ли потоа ги прекина преостанатите егзекуции закажани за оваа година и нареди независна истрага.
Егзекуцијата почна во средата вечерта, во затворот со максимална безбедност „Ривербенд“ во Нешвил.
Пајк требаше да биде погубена со „пентобарбитал“, лек што се користи во смртоносните инјекции во Тенеси. Според извештаите од новинарите што ја следеа постапката, Пајк ја загубила свеста откако ја добила инјекцијата, но продолжила да дише. И по втората примена доза, некое време можеле да се слушнат звуци слични на ‘рчење од собата. По настанот е објавено дека затворските службеници ги следеле сите чекори предвидени во официјалниот протокол, кој по двете дадени дози не предвидува дополнителни процедури, па Пајк потоа беше пренесена во медицинска установа надвор од затворот. По неуспешната егзекуција, гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги запре преостанатите планирани извршувања на смртни казни за оваа година и нареди независна истрага за целата постапка. Истрагата треба да утврди што се случило во текот на обидот за егзекуција и дали бил спроведен протоколот како што е предвидено.
Фактот дека егзекуцијата е неуспешна не значи дека нејзината смртна казна е автоматски поништена, но нејзините адвокати тврдат дека нов обид би го поставил прашањето за забрана за сурово и необично казнување од осмиот амандман. Пред извршувањето на казната, тие побараа помилување, наведувајќи ја возраста на Пајк во времето на злосторството, тешкото детство и проблемите со менталното здравје, но гувернерот Ли го отфрли барањето.
Пајк требаше да биде првата жена погубена во Тенеси по повеќе од 200 години. Таа беше осудена на смрт за убиство на 19-годишната Колин Слемер на 12 јануари во 1995 година, кое го извршила кога имала 18 години. Ајк беше осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемер, практикантка на „Џоб корпс“ во Ноксвил. Злосторството се случило на 12 јануари 1995 година, кога имала Пајк 18 години.
Според судските документи и извештаите од случаите, Пајк ја намамила Слемер во пошумена област во близина на земјоделскиот кампус на Универзитетот во Тенеси, под изговор дека ќе набави марихуана и дека ќе ги реши проблемите што ги имале. Таа била придружувана од своето тогашно 17-годишно момче, Тадарил Шип. Пајк и Шип ја нападнале Слемер, ја мачеле, ја тепале со парче скршен асфалт и ѝ врежале пентаграм на телото. По злосторството, Пајк им покажувала на учесниците во училиштето „Џоб корпс“ парче од черепот на жртвата, кое полицијата го пронашла во џебот на нејзината јакна. Била уапсена три дена подоцна.






