домаТехнологијаГугл ќе плаќа на медиумите чии текстови ги користи за Gemini

Гугл ќе плаќа на медиумите чии текстови ги користи за Gemini

- Advertisement -spot_img

Американскиот технолошки гигант Гугл започна пилот-програма со која им плаќа на медиумите за користење на нивните содржини во новите алатки за пребарување базирани на вештачка интелигенција. Програмата опфаќа околу 100 издавачи, а парите се пресметуваат според придонесот на нивните текстови во одговорите на алатките како AI Overviews и четботот Gemini. Информацијата доаѓа по серија критики и тужби дека технологијата на пребарувачот драстично ја намалува директната посетеност на медиумските сајтови.

Програмата на Гугл започнала пред нешто помалку од една година, а за неа првично објави специјализираниот портал Диџидеј (Digiday), по што дополнителни детали изнесе Ди Информејшн (The Information). Издавачите добиваат финансиски надомест врз основа на тоа колку нивните текстови и податоци влегуваат во резимеата што вештачката интелигенција им ги прикажува на корисниците.

Разликите во исплатите меѓу медиумите се огромни. Еден издавач што се приклучил на самиот почеток заработил повеќе од еден милион долари за една година. Друг медиум, кој станал дел од пилот-проектот пред неколку месеци, досега примил меѓу 50.000 и 60.000 долари.

Моделот директно го вреднува присуството во системите AI Overviews, специјалниот AI режим во пребарувањето, како и во одговорите на генеративниот модел Gemini.

Парите доаѓаат во момент кога компанијата се соочува со правен и регулаторен притисок од двете страни на Атлантикот. Медиумите со месеци предупредуваат дека вештачката интелигенција директно им ги краде читателите, зашто корисникот ги добива сите факти на самиот пребарувач и нема потреба да кликне на оригиналниот линк.

Официјален Лондон веќе повлече конкретен потег. Во јуни британските власти пресудија дека Гугл мора да им овозможи на медиумите целосно да одбијат нивните содржини да се појавуваат во AI прегледите без да бидат казнети со губење на стандардното место во резултатите.

Истовремено, Европската Унија отвори истрага за влијанието на новите опции врз сообраќајот на независните веб-страници и неодамна му наложи на технолошкиот гигант да направи суштински измени во функционирањето на својот пребарувач.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img