домаМакедонијаТС Дуброво конечно во сопственост на АД МЕПСО

ТС Дуброво конечно во сопственост на АД МЕПСО

- Advertisement -spot_img

По речиси пет децении, решен е деценискиот имотно-правен проблем на една од клучните точки на македонската преносна мрежа. ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, конечно е запишана како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост.

Уредувањето на сопственичкиот статус на ТС Дуброво е значаен чекор за АД МЕПСО, бидејќи создава јасна правна основа за планирање и реализација на идни инвестиции во преносната мрежа, реконструкција, одржување и модернизација на објектот и опремата во него, но и обврска инфраструктурата што ја наследивме да ја унапредуваме и да создадеме сигурен и модерен преносен систем за потребите на државата и стопанството.

ТС Дуброво е еден од клучните 400 kV јазли на електропреносниот систем на Северна Македонија. Преку неа земјата е интерконективно поврзана со Грција, а преку ТС Штип и со Бугарија. На 400 kV ниво ТС Дуброво е поврзана со ТС Битола 2 и ТС Скопје 4, додека на 110 kV ниво има значајна улога во снабдувањето на потрошувачите и поврзувањето на енергетски и индустриски објекти во регионот.

Во ТС Дуброво веќе се реализираат значајни инвестиции во модернизација на опремата, a реконструкцијата на командната зграда е дел од проект кој опфаќа реконструкција на три 400/ 110 kV трансформаторски станици и пет 110 kV трафостаници низ земјава, сите изградени во 70-години од минатиот век, со цел подобрување на енергетската ефикасност, модернизација на објектите, создавање подобри услови за работа на вработените како и непречен пристап на лица со попреченост/инвалидност.

Решавањето на имотно-правниот проблем на ТС Дуброво е резултат на координираната работа на АД МЕПСО, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и надлежните институции, во рамки на активностите за системско уредување на имотно-правниот статус на електроенергетските објекти.

АД МЕПСО продолжува со активности за уредување на имотно-правниот статус и на други објекти од преносната мрежа, со цел создавање услови за нови инвестиции и за натамошно зголемување на сигурноста, доверливоста и стабилноста на електроенергетскиот систем.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img