Двајца малолетници се повредени откако паднале од електричен тротинет на локален пат во тетовското село Чифлик.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 29 септември околу 15:00 часот во СВР Тетово. Малолетниците се превезувале на електричен тротинет и паднале пред основно училиште во селото.
Едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.






