68-годишна скопјанка завчера пријавила во полиција дека нејзината пет години постара сестра ја нападнала со метален предмет, соопшти МВР.
Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.
„На 28.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, била физички нападната од нејзината сестра Н.М. (73), која употребила метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.






