домаМакедонијаМалолетници од Тетово зад волан - Фатени се како возат „ланд ровер“...

Малолетници од Тетово зад волан – Фатени се како возат „ланд ровер“ и „бмв“

- Advertisement -spot_img

Во три одделни случаи во Тетово и Гостиварско, полицијата лишила од слобода тројца малолетници кои биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола. Возилата се одземени, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

– На 27 септември во 18:00 часот во село Камењане, полициски службеници сопреле патничко возило „ланд ровер“, управувано од 16-годишен малолетник од селото. Возилото било без документација, а било констатирано дека малолетникот управувал без возачка дозвола. Малолетникот, во присуство на родител, бил лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. Возилото било одземено, информираа од МВР.

Во вториот случај, на 28 септември во 01:30 часот во село Дебреше, полицијата го лишила од слобода 17-годишен малолетник од село Добридол, кој управувал автомобил „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола.

И во овој случај возилото било одземено, а против малолетникот, по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во третиот случај, изминатите денови, бил фатен малолетник со мопед без дозвола.

– На 27 септември во 21:30 часот, на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници затекнале 16-годишен малолетник од Тетово како управува мопед „априлија“ без возачка дозвола. Малолетникот бил лишен од слобода во присуство на родител, а мопедот бил одземен. И за овој случај, по целосното документирање, ќе следува соодветен поднесок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img