домаЕкономијаДизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

- Advertisement -spot_img

РКЕ донесе одлука за нови цени на нафтените деривати, кои ќе важат од ноќеска на полноќ. Дизелот поевтинува за 4,5 денари за литар и ќе се продава по максимална цена од 100 денари, додека бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поскапуваат за еден денар и ќе чинат 100, односно 102 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 111,50 денари за литар. Мазутот поевтинува за 0,196 денари за килограм и неговата максимална цена ќе изнесува 49,882 денари.

РКЕ соопшти дека во просек малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 1,06 проценти во однос на претходната одлука од 21 септември.

Во новата пресметка е применета владината одлука за намален ДДВ од 10 проценти за Еуродизелот, како и намалената акциза од четири денари за литар кај бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 и кај дизелот.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img