домаСветКатолички демонстранти блокираа протестантска парада во Северна Ирска

Католички демонстранти блокираа протестантска парада во Северна Ирска

- Advertisement -spot_img

Околу 2.000 демонстранти денеска го блокираа пристапот до католички кварт во северноирскиот град Портадаун, каде требаше да помине протестантска парада по укинувањето на забраната што важеше речиси три децении. Маршрутата со години беше едно од најчувствителните жаришта на верските и политичките тензии во Северна Ирска, објави „Ројтерс“.

Меѓу собраните на улицата „Гарвахи роуд“ беа и првата министерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил од националистичката партија Шин Фејн, како и лидерката на партијата, Мери Лу Мекдоналд. Демонстрантите останаа на улицата и во текот на ноќта, по одлуката на Високиот суд во Белфаст да го отфрли барањето на локалните жители за запирање на парадата.

Спорната поворка ја организира протестантскиот Оранжов ред, чии годишни обиди да маршира низ католичката населба во минатото предизвикуваа сериозни немири. Маршрутата беше забранета во 1998 година, истата година кога со Договорот од Велики петок во голема мера заврши триесетгодишниот период на насилство познат како „Неволјите“.

Британскиот премиер Енди Барнам денеска повика на смиреност и предупреди дека Северна Ирска не смее повторно да се врати кон старите поделби. Тој рече дека во саботата разговарал и со ирскиот премиер Михал Мартин за ситуацијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img