По речиси еден месец исполнет со жестоки дуели, спектакуларни голови, пресврти и натпревари за паметење, вечерва доаѓа моментот кој сите го чекаа – големото финале на XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“2026!
На легендарното игралиште „Сокол“ во Карпош 1, Скопје, од 20:30 часот, еден против друг ќе излезат Мега Лифтови и Руди Компани – двете екипи кои успеаја да го изодат најтешкиот пат и да стигнат до последниот меч на турнирот.
🏆ФИНАЛЕ: МЕГА ЛИФТОВИ – РУДИ КОМПАНИ 🕣20:30 часот 📍Игралиште „Сокол“, Карпош 1 – Скопје
Покрај престижниот трофеј, победникот ќе освои 500.000 денари, додека второпласираниот тим ќе добие 250.000 денари. Третото место носи 120.000, а четвртото 60.000 денари и многу други индивидуални награди.
Но вечерва парите паѓаат во втор план.
Остануваат само еден натпревар, еден пехар и една шанса да се запише името меѓу победниците на еден од најпрепознатливите турнири во мал фудбал во Македонија. Организаторите за изданието во 2026 година најавија награден фонд од над 1,3 милиони денари.
Мега Лифтови и Руди Компани во текот на турнирот минаа низ големи предизвици, но кога беше најважно – покажаа карактер и стигнаа до мечот во кој нема поправен испит.
🔥50… односно последните минути на турнирот ќе решат сè. Кој ќе го издржи притисокот? Кој ќе стане херој? Кој ќе го крене пехарот високо над Скопје?
ВЕЧЕРВА СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН „СОКОЛ“ – МЕГА ЛИФТОВИ И РУДИ КОМПАНИ ВО БИТКА ЗА ТРОФЕЈОТ И 500.000 ДЕНАРИ!🏆🔥






