домаМакедонијаМакедонското знаме се крена кај финансискиот центар во Њујорк во чест на...

Македонското знаме се крена кај финансискиот центар во Њујорк во чест на 35 години од независноста

- Advertisement -spot_img

Во чeст на 35 годишнината на независноста, македонското знаме денеска свечено се крена над Њујорк.

Традиционалната церемонија се одржа во финансискиот центар на Њујорк, пред познатиот споменик на разјарениот бик.

Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора, која го организираше настанот, се заблагодарија на десетиците Македонци кои дојдоа и покрај лошото време и најавите за бура.

-Со овој гест сакаме да го потсетиме сите дека сме тука и дека нема да не снема. Како времето денес, имавме 35 тешки ходникот, во кои се обидоа да не избришат, но не им успеа и уште сме тука. Задачата на ОМД е да ги собере Македонците, бидејќи сме посилни кога сме заедно – изјави за МИА Арџи Белио од Обединетата Македонска Дијаспора.

Свеченоста беше одбележана со изведба на македонската и американската химна, како и со настап на пејачка Андријана Јаневски, која го изведе хитот Земјо Мила.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img