домаМакедонијаХоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го...

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување

- Advertisement -spot_img

Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на раното откривање пожари и заштитата на животната средина.

Со потпишаниот меморандум се воспоставува рамка за реализација на пилот-систем за видео мониторинг на депонии преку современи камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе овозможи навремено откривање на чад, пожар и други ризици.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе обезбедува 24-часовен мониторинг и ќе ги известува надлежните институции при идентификување на ризик, со што се овозможува побрзо реагирање и подобра координација.

Moдирум Платформс која со својата технологија и експертиза придонесува кон иницијативи за заштита на животната средина, превенција на ризици и унапредување на јавната безбедност, ќе обезбеди опрема за системот на привремено користење во период од една година, како дел од својата поддршка за иницијативи од јавен интерес.

Со овој пилот-проект, МЖСПП ја унапредува примената на современи дигитални технологии во заштитата на животната средина, со фокус на превенција, рано предупредување и поефикасно реагирање.

Резултатите од пилот-фазата ќе бидат основа за разгледување на можностите за проширување на системот на национално ниво.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img