Талогот на СДС и Венко Филипче најдобро е да престанат да плачат во јавност. Ако продолжат да плачат очигледно им е јасно дека тонат во опозицискиот блок.
Венко Филипче и талогот од СДС треба да прекинат со жалби дека ВМРО-ДПМНЕ му ја раситнува партијата.
Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви.
Тоа што лица излегуваат од СДС и самостојно настапуваат, очигледно е дека внатре во самата партија што би се рекло народски, смрди.
Затоа на Филипче и талогот да им е јасно, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, второ ВМРО-ДПМНЕ не сака, ниту има намера да се меша во нивните работи, времето се троши продуктивно на спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата.






