домаСветЗеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на...

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

- Advertisement -spot_img

Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк.

„Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: ‘Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети ‘Патриот”“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“.

По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање.

Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img