домаМакедонијаСофија одговори на барањата од Скопје: Бугарија е подготвена за дијалог

Софија одговори на барањата од Скопје: Бугарија е подготвена за дијалог

- Advertisement -spot_img

Бугарија изразува подготвеност за конструктивен дијалог со Македонија и оценува дека прашањето за нејзиното пристапување кон Европската Унија треба да се разгледува строго во рамките на европските институции.

Ова е официјалниот став на бугарското Министерство за надворешни работи, кој беше објавен како реакција на неодамнешните изјави на македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека Македонија сака во идните разговори со Софија да биде вклучен и претставник на Европската Унија.

Од бугарското МНР посочуваат дека ја поддржуваат работата на Европската комисија во преговарачкиот процес со земјите кандидати, нагласувајќи дека добрососедските односи остануваат еден од основните услови за напредок во евроинтеграциите. Воедно, во ставот се потсетува на очекувањето Македонија целосно да ги исполни преземените обврски, додека Бугарија ја повторува својата декларативна поддршка за европскиот пат на земјата.

Муцунски: Недостаток на доверба и потреба од европски фактор
Министерот Тимчо Муцунски, во интервју дадено за време на престојот во Њујорк по повод Генералното собрание на ОН, отворено оцени дека меѓу Скопје и Софија постои „сериозен недостаток на доверба“. Тој информираше дека за време на заседанието на ОН немало никакви работни разговори меѓу македонската и бугарската делегација.

Според Муцунски, за Македонија е од клучно значење во идните разговори со Софија да постои и учество од страна на Европската Унија:

„Не е од суштинско значење дали станува збор за европски институции или за одделни земји членки, туку дека е потребно присуство на дополнителен фактор кој би помогнал во градењето доверба меѓу двете страни“, појасни македонскиот шеф на дипломатијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img