домаМакедонијаСладоледот и мразот летово под засилени контроли на АХВ

Сладоледот и мразот летово под засилени контроли на АХВ

- Advertisement -spot_img

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбедност на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во два месеца реализирани се вкупно 560 инспекциски надзори кај оваа категорија оператори, за што се издадени 140 решенија за утврдени неусогласености.

Изречени се и 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра во денарска противвредност. Како небезбедни нештетно се уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз. Со спроведените контроли утврдено е дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. 64 од операторите немале направено анализи на сладолед/мраз, кај 20 утврдено е несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач.

Со контролите затекнати биле и вработени лица кај 10 оператори кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови утврдени биле кај пет од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на добра производствена и добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите.

Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во пет објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img