Земјотрес со магнитуда од 2,9 – 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во поширокиот пограничен регион меѓу Грција и Албанија. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот се случил во 22:18 часот по локално време, со епицентар 11 километри југозападно од Битола, односно 22 километри западно од Лерин, Грција.
Земјотресот бил на длабочина од околу 15 километри, а координатите на епицентарот се 40.826° северна географска широчина и 21.159° источна географска должина. Од EMSC наведуваат дека потресот бил регистриран на територијата на Грција, известуваат од ЕМСЦ.
Имено, сеизмолошките податоци за земјотресите се прелиминарни и може да бидат дополнително ажурирани, по што е можно да има мали корекции во магнитудата, локацијата или другите параметри на настанот.
Потресот делумно бил почуствуван и во останатите јужните делови на Македонија.






