Уставниот суд донесе одлука дека не уставно е платите на уставните судии да се намалат, а на останатите избрани и именувани лица од Собранието да бидат намалени. Ваквата одлука Уставен ја испрати до собранието каде што пратениците едногласно ја поддржаа и гласаа ЗА. Со тоа сите избрани и именувани лица како претседател на држава и на собрание, пратеници и останати функционери остануваат со намалените плати од последните законски измени кога пратениците гласаа за намалување на коефициентите, но тоа нема да важи за Претседателот на Уставниот суд и за сите уставни судии.
Ѓорѓија Сајкоски Претседател на Комисијата за избори и именувања: „Претседателот на Уставен суд на Република Македонија коефициен 2,81 се заменува со 3, 08 судија на Уставен суд на Република Македонија 2,60 се менува со коефициент 2,85. Коефициентот од оваа одлука ќе започне да се применува со исплата на октомвриската плата, 2026 година. “
Комисијата за избори и именувања, како надлежна комисија, мора да постапи по одлуката на Уставниот суд која беше донесена со суспендирање на дел од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери, додаде Сајковски.
Уставните судии на четврти февруари годинава поведе постапка за оценување на уставноста на член 14 во делот „претседател на Уставниот суд на Република Македонија,“ и член 15 во делот „судија на Уставниот суд на Република Македонија,“ од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. За уставните судии решавачки аргумент бил фактот што платите на претседателот и судиите на Уставниот суд се уредени во ист нормативен режим како и платите на другите носители на јавни функции, врз основа на идентични критериуми и поистоветување на природата на нивните уставни надлежности. А уставните судии со тоа не се согласувале.
Уставен суд: „Ваквото уредување претставува суштествена повреда на начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок, бидејќи ја негира институционалната и функционалната автономија на Уставниот суд и ја релативизира неговата уставна положба како посебен орган задолжен за заштита на уставноста и законитоста. “
Со измените на законот за плати на функционерите кои беа донесени во собранието на почетокот на годинава, во просек сите избрани и именувани лица добија пониски месечни примања од 10 до 13 илјади денари. Но со оваа одлука не се сложија уставните судии и измените бги оценија како неуставни, но само за нивните плати, останатите ќе останат намалени.






