домаМакедонијаДржавната изборна комисија со конкретни активности за зачувување на изборниот интегритет, сајбер-безбедноста...

Државната изборна комисија со конкретни активности за зачувување на изборниот интегритет, сајбер-безбедноста и справувањето со дезинформации и странско мешање (ФИМИ)

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, заедно со членовите Светлана Карапетрова и Борис Кондарко учествуваа на дијалог-панелот „Институционална подготвеност и отчетност“, во рамки на настанот „Од докази до акција: Зајакнување на отпорноста кон изборно поврзани ФИМИ во Северна Македонија“, организиран од Фондацијата Метаморфозис и Интернешенал ИДЕА, со поддршка од Амбасадата на Канада.

Претседателот Маричиќ во своето излагање истакна дека современите избори сè повеќе се одвиваат во дигиталниот простор. Поради тоа, како што истакна тој заштитата на изборниот интегритет денес не значи само правилно спроведување на изборните процедури на избирачките места, туку и заштита на информацискиот простор каде што граѓаните ги носат своите демократски одлуки.

„Особено значаен предизвик во овој контекст е странското мешање во информацискиот простор кој опфаќа намерни и координирани манипулативни активности што можат негативно да влијаат врз вредностите, процедурите и политичките процеси. Во изборен контекст, целта на ваквото мешање не мора секогаш да биде директно убедување на граѓаните во одредена политичка порака. Подеднакво опасно може да биде создавањето недоверба, збунетост и сомнеж во изборните институции и во легитимитетот на изборниот процес и изборните резултати“, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека информативно-комуникациската, едукативната и ИТ-сферата се инкорпорирани како три стратешки приоритети во Стратешкиот план на ДИК (2025 – 2028 година). Во продолжение Маричиќ ги спомена досегашните активности за модернизација на ICT инфраструктурата, спроведените обуки за сајбер-хигиена за повеќе од 200 претставници на ДИК и општинските изборни комисии, како и дефинирањето на Комуникациската стратегија која предвидува формирање на Тим за управување со кризи за време на избори, како и зајакнување на медиумската писменост. Маричиќ истакна дека искуството покажува дека ниту една институција не може сама да се справи со современите дигитални и информациски закани и дека е потребна координација меѓу изборните органи, институциите надлежни за сајбер-безбедност, медиумските регулатори, другите државни институции, технолошкиот сектор и меѓународните партнери.

„Изборниот интегритет не значи само правилно спроведен изборен ден. Тој значи и граѓани кои имаат пристап до точни информации, институции отпорни на манипулации и јавност која има доверба во демократскиот процес“, заклучи Маричиќ.

Во рамки на настанот, пред претставниците на институциите и јавноста беше претставен нацрт-Патоказот за политики и отчетност за зајакнување на отпорноста кон изборно поврзани ФИМИ (странско мешање и манипулирање со информации). Документот произлегува од опсежно истражување и серија дијалози и работилници реализирани во рамки на проектот, при што содржи конкретни препораки за институционална координација, брза верификација, транспарентност на дигиталните изборни кампањи, отчетност и јавна комуникација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img