домаМакедонијаРози Мицкоска на прием кај првата дама на САД, Меланија Трамп

Рози Мицкоска на прием кај првата дама на САД, Меланија Трамп

- Advertisement -spot_img

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, синоќа присуствуваше на приемот што во Њујорк го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на Обединетите нации.

Приемот беше организиран во рамки на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ („Fostering the Future Together“), чија цел е поддршка на децата и младите, како и создавање нови можности за нивниот развој и образование.

На приемот, Меланија Трамп истакна дека присутните претставуваат спој на различни култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порача првата дама на САД.

На приемот присуствуваа сопругите на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Генералното собрание на ОН.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img