домаМакедонијаЛевица: Уставниот суд денеска повторно одлучува за платеното политичко рекламирање

Левица: Уставниот суд денеска повторно одлучува за платеното политичко рекламирање

- Advertisement -spot_img

Уставниот суд денеска во 9:30 часот повторно ќе расправа по иницијативите на Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање.

Од Левица велат дека на јулската седница Судот не обезбедил мнозинство за донесување одлука, поради што предметот останал отворен. Партијата тврди дека спорните одредби ја ставиле во нерамноправна положба бидејќи, како парламентарна партија, немала пристап до платено политичко рекламирање на телевизии, радија, интернет-портали и билборди под исти услови како другите политички субјекти.

Од партијата посочуваат дека во меѓувреме е променет и составот на Уставниот суд. По оставката на Гоце Наумовски, за нова уставна судијка е избрана Мери Дика Георгиевска, поради што за предметот денеска ќе одлучува изменет состав.

Левица смета дека суштината на спорот не е во средствата за политичко рекламирање, туку во еднаквоста на политичките субјекти во изборниот натпревар. Како пример го наведува Амар Мециновиќ, за кого тврди дека на локалните избори во 2025 година немал платено политичко рекламирање, а сепак влегол во вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје.

„Уставниот суд треба да одговори на конкретно уставно прашање: дали е дозволено изборните правила селективно да создаваат нееднакви услови за политички натпревар“, наведуваат од Левица.

Од партијата оценуваат дека одлуката ќе има пошироко значење и за правилата што во иднина ќе важат за други политички субјекти кои би се нашле во иста положба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img