домаМакедонијаЈаневска: Бранот на иселување од земјава можеби е намален

Јаневска: Бранот на иселување од земјава можеби е намален

- Advertisement -spot_img

„Бранот на иселување од земјава можеби е намален, но за официјална слика ќе треба да се почекаат статистичките податоци на крајот од годината“.

Ова меѓу другото го изјави министерката за образование и наука – Весна Јаневска на 4ТВ.

„Има впечаток, иако статистичките податоци ќе ги видиме на крајот на годината, дека тој бран е нешто малку намален“, рече Јаневска.

Како еден од показателите за тоа што се случува со движењето на учениците, таа ги посочи податоците поврзани со учебниците кои се доставуваат до училиштата.

Јаневска посочи дека едно училиште пријавило девет ново доселени деца, додека друго пријавило 11 ученици кои се доселиле во Македонија во текот на месецот.

„Се надевам дека ќе најдеме некој стабилен баланс и конечно престанување на иселувањето на нашите деца“, изјави министерката.

На прашањето во кои региони се забележуваат ваквите движења, Јаневска рече дека ситуацијата е различна, но дека во моментов предничат источните делови од земјата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img