домаСветКуба ја напушти салата за време на говорот на Трамп

Куба ја напушти салата за време на говорот на Трамп

- Advertisement -spot_img

Кубанската делегација ја напушти салата на Генералното собрание на Обединетите нации додека американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за состојбата во Куба и оцени дека комунистичкиот режим во Хавана ќе падне.

Трамп во обраќањето рече дека неговата администрација се стреми кон „суштинска промена“ на состојбата на Куба, оценувајќи дека тамошниот комунистички режим се соочува со најголем притисок досега.

Во моментот кога Трамп ја изнесе оценката дека режимот „ќе падне“, членовите на кубанската делегација станале од своите места и ја напуштиле салата.

„Тоа е држава која целосно доживеа крах. Пропаѓа како никогаш досега и комунистичкиот режим ќе падне“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека државниот секретар Марко Рубио е „длабоко вклучен“ во разговорите со Хавана.

„Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп, без да даде дополнителни детали за текот на разговорите.

Кубанската делегација на Генералното собрание на ОН ја предводи министерот за надворешни работи Бруно Родригез Париља.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img