домаМакедонијаМакедонија не е подготвена за катастрофи

Македонија не е подготвена за катастрофи

- Advertisement -spot_img

Македонија не е подготвена за катастрофи – 97.660 хектари изгорена површина, недостиг на пожарникари и застарена опрема ова се само дел од нотираните зебелешки во извештајот на Државниот завод за ревизија. ревизорите утврдиле слабости во стратешкото планирање, координацијата и управувањето со ресурсите, недоволни човечки и материјални капацитети, како и ограничено инвестирање во модернизација и опремување.

„Слабостите и потребата од реформи во системот за заштита и спасување се констатирани уште со скринингот спроведен од ЕУ преку Европскиот механизам за цивилна заштита во 2018 година, но до денот на ревизијата, иако се преземени повеќе иницијативи, реформите не се спроведени. Не е донесена Национална стратегија за заштита и спасување како стратешки документ за дефинирање на цели и приоритети, при што последната е со важност до 2018 година.“ – пишува во извештајот на ДЗР.

Во февруари, оваа година,ДЗС доставила информација до Владата во која е укажано дека со постојниот начин на работа и просечно извршување на околу 1.300 надзори годишно, би биле потребни приближно 55 години за контрола на сите правни субјекти. За редовен и контролен инспекциски надзор еднаш годишно, согласно проценката на ДЗС, потребни би биле 322 инспектори , при 72.181 активни претпријатија.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека дел од слабостите нотирани воизвештај на Државниот завод за ревизија, за работата и состојбите во Дирекцијата за заштита и спасување се значително намалени со измените во Законот за управување со кризи.

„Слабостите на Системот за управување со кризи, заштита и спасување на кои укажува ДЗР во суштина се’ слабости на кои укажував како директор на ЦУК но и сега како директор на ДЗС. Дел од овие слабости значително се намалени со минатогодишните изменувања и дополнувања на Законот за управување со кризи а дел со изменувањата и дополнувањата на Законот за заштита и спасување од јуни оваа година. И покрај постоечките слабости и недостатоци, ова лето Македонија најуспешно досега се справи со пожарите на отворен простор.“ – вели Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. “

Во извештајот е нотирано и тоа дека Планот за заштита и спасување на Републиката не е ажуриран, а воедно во ревизијата не е презентиран доказ дека е усвоен од страна на Владата. Според податоците на ЈП „Национални шуми“, во периодот 2023 – 2025 година евидентирани се 82.714 хектари изгорена површина, 914.657 м³ изгорена дрвна маса и штети во износ од 133.663.967 евра, при што само во 2024 година штетата изнесува 83.121.333 евра.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img