Фрустрацијата кај македонските граѓани за заглавениот евроинтегративен процес е огромна, бидејќи во минатото се направени премногу отстапки со смена на знамето, уставното име – оваа порака ја испрати премоерот Христијан Мицкоски од самитот „Конкордија“ во Њујорк, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации.
Сепак вели Македонија останува посветена на европскиот пат, но истовремено ќе продолжи да ги штити своите национални и државни интереси.
Неговиот политички опонент Венко Филипче со канонада обвинувања за власта. Вели една недела владината делегација престојуваат во САД, а јавноста не виде ниту една конкретна средба, договор или резултат за Македонија.
Додека Скопје бара решение за излез за деблокада на преговорите и вклучување на ЕУ претставник во разговорите со Бугарија, еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека ЕУ мора да се подготви за нови членки и најави дека на крајот на септември Европската Комисија ќе објави идеи како Унијата да се подготви за нови членки. Претходно испрати и директна порака до Скопје и Софија – македонската влада да го спроведе договореното, а откако Македонија ќе ги исполни уставните измени, Бугарија да даде поддршка за продолжување на процесот.Пораките од Њујорк доаѓаат во пресрет на посетата на Усрула фон дер Лајен во Македонија. Но и по вчрапшниот разговор на Мицкоски со државниот секретар на Сад Марк Рубио, за кој сдсм рече дека е „ходник- дипломатија„ .






