Четири лица биле затекнати како изведуваат градежни работи во објект во Старата скопска чаршија, во кој постои можност да има предмети од културното наследство.
Како што информира МВР, лицата биле затекнати вчера околу 18 часот од полициски службеници од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.






