домаМакедонијаАмериканската амбасада на средба со Максим Димитриевски во Куманово: Разговори за нови...

Американската амбасада на средба со Максим Димитриевски во Куманово: Разговори за нови можности за соработка

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Куманово и претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска оствари прва официјална средба со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија.

На средбата присуствуваа вршителот на работите при Амбасадата на САД, Никол Варнс, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова, како и специјалистот за односи со јавноста Надица Жакула.

Од страна на Општина Куманово, на средбата присуствуваа секретарката Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, и раководителот Фатос Аќифи.

Во пријателска и конструктивна атмосфера, соговорниците разговараа за работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување на соработката, како и за развивање на нови проекти во повеќе општествени области.

Димитриевски ги запозна претставниците на Амбасадата со капацитетите и развојните потенцијали на Општина Куманово, при што беше презентирана и видео-презентација за индустриските зони Новини и Речица.

На средбата беше истакната важноста на отворената комуникација и партнерскиот пристап во насока на создавање нови можности за развој на општината и подобрување на условите за живот на граѓаните.

По средбата, од Општина Куманово порачаа дека продолжуваат со отвореност и партнерство со меѓународните партнери, со цел реализација на нови иницијативи и проекти во интерес на граѓаните на Куманово.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img