Во текот на теренските контроли, спроведени во доцните попладневни часови, утврдени се прекршоци во однос на комуналниот ред и непочитување на Законот за јавна чистота. Изречени се казни во висина од по 1.300 евра за шест објекти. Дополнително, на три локации, биле отстранети бесправно поставени блокатори и столбчиња од јавни површини.
„Инспекциските служби активно работат на терен. Паралелно со редовните надзори, спроведуваме и вонредни контроли за заштита на животната средина, спречување на загадувањето, како и одржување на јавната чистота и безбедноста на тротоарите и улиците. Не ќе толерираме нарушувања во јавниот простор“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и градежни компании да ги почитуваат законските обврски и да преземат мерки за заштита на околината, особено при изведување градежни работи во зони со индивидуално домување.






