домаМакедонијаСе потешко е да се произведе гравот тетовец

Се потешко е да се произведе гравот тетовец

- Advertisement -spot_img

Се потешко е да се произведе гравот тетовец, се жалат малкумината земјоделци кои сѐ уште се обидуваат да го одгледуваат и покрај редовната борба со високите температури и недостигот на вода за наводнување. И таму каде што успева, од година в година се намалува родот.

–Сеем секоја година по 3-4 декари, сум сеел порано, сега 2 декара пошто суша голема, не може 7 пати треба да вадиш па да спасиш нешто што може да се спаси. Пошто немамо и услови за наводнување. Каналот се затворено, нема ред, тоа е, изјави Абдула Мухареми

–Па порано се произведуваше многу грав, секоја куќа сеела ниви, сега во задно време не го бидува, дали времето е сменето, па не може да издржи вруќините или што, не знам. Многу тешко го бива сега, не, не бива. Па треба да е до временски промени, изјава Круме Трпчевски

Тие што некогаш одгледувале грав, сега и за себе си купуваат од маркетите. Има села каде нема ниту еден производител, раскажуваат тетовските земјоделци за последиците со времето но и општествените проблеми.

-Па младината не сака да работат земјоделието затоа што. Младината побегна. Не сака, нема интерес за работи за, пошто тешка работа се знае, па услови нема. Нема ред, нема тоа. Отприлика од условите бегаат, изјави Мухареми.

-Па не бива ни тие неколку, па не може да произведе не го бива сега. А се знае гравот тетовски бил грав, а сега ниедна куќа не може да најде 10 кила грав, нема, изјави Круме Трпчевски

Младите да покажат иницијатива и упорност да се продолжи одгледувањето на препознатливот тетовски бренд е меѓу целите на Меѓукултурниот фестивал „Ден на гравот“ што се одржува веќе 14 години.

Со настанот сакаме да дадеме една порака дека, пошто настанот воглавном се води од волонтери, млади, дека ако тие се вклучуваат ќе можат да направат нешто во руралните средини, вели Муареми.

Поради малата количина на произведен грав тетовец секоја година и расте неговата цена за продажба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img