домаТехнологијаАко батеријата на смартфонит брзо се празни навечер – обидете се со...

Ако батеријата на смартфонит брзо се празни навечер – обидете се со овие поставки

- Advertisement -spot_img

Ова е водич за намалување на ноќното празнење на батеријата кај Android телефоните преку оптимизација на сигналот, AOD и апликациите што работат во позадина
Кога не го користите телефонот во текот на ноќта, батеријата не би требало забрзано да се троши. Оптимално поставен паметен телефон во текот на ноќта би требало да изгуби само 2% до најмногу 7% од капацитетот.

Доколку наутро забележите пад од 8% или повеќе, процесите што работат во заднина и мрежните поставки може да предизвикуваат непотребна потрошувачка.

Со анализа на потрошувачката во Settings > Battery можете точно да ги идентификувате апликациите кои трошат најмногу енергија. Потоа, со примена на следните чекори, можете значително да го намалите ноќното празнење на батеријата.

1. Слабиот сигнал е непријател на автономијата на телефонот
Слабата покриеност со мобилна мрежа (во спалните соби на крајниот дел од станот или во подруми) го принудува модемот во телефонот да работи со максимална моќност за да ја одржи врската со базната станица. Во текот на ноќта ова може да потроши дополнителни 5% до 10% од батеријата.

Решение: Можеби звучи банално, но сепак обидете се – оставете го телефонот поблиску до прозорец или во просторија со подобар сигнал.

2. Исклучете го или закажете го Always On Display
Функцијата Always On Display (AOD) одржува дел од екранот постојано осветлен. Иако е корисна во текот на денот, навечер може да троши од 0,5% до 1,5% од батеријата на час без реална потреба. За осум часа спиење, потрошувачката може да изнесува од 4% до 12% од вкупниот капацитет.

Samsung Galaxy: Поставки > Заклучен екран и AOD > Секогаш вклучен екран.

Google Pixel и други Android телефони: Поставки > Екран > Секогаш вклучен екран.

Дополнителен совет: Поставете време за активирање и деактивирање на AOD функцијата и исклучувајте ја навечер.

3. Деактивирајте го скенирањето за Wi-Fi и Bluetooth
Дури и кога Wi-Fi или Bluetooth се исклучени, Android стандардно може да го одржува активното скенирањето за околните уреди и пристапни точки за попрецизно одредување на локацијата. Секогаш кога телефонот започнува скенирање, тој го активира хардверот од режимот на заштеда на енергија.

Патека за исклучување: Поставки > Локација > Услуги за локација > исклучете Скенирање на Wi-Fi мрежи и Скенирање на Bluetooth уреди.

4. Активирајте ја функцијата Adaptive Battery
Функцијата Adaptive Battery, воведена со Android 9, ги следи вашите навики на користење. Доколку забележи дека некоја апликација ретко ја отвoрате, системот автоматски може да ѝ го ограничи пристапот до мрежата во заднина.

Стандарден Android: Поставки > Батерија > Заштеда на батерија > Адаптивна батерија.

Samsung Galaxy: Поставки > Одржување на уредот > Батерија > Ограничувања за користење во заднина > Адаптивна батерија.

5. Рачно ограничете го работењето во позадина за апликациите на социјалните мрежи
Апликациите како Instagram, TikTok или Facebook се познати по тоа што постојано работат во заднина. Тие испраќаат барања до серверите дури и кога спиете. Еве како можете да го промените тоа.

Патека: Поставки > Апликации > изберете ја апликацијата (на пример Instagram) > Батерија.

Изберете ја опцијата Ограничено (Restricted) или исклучете ја опцијата Дозволи работење во заднина.

Забелешка: Ова може малку да го забави пристигнувањето на известувањата од избраните апликации, но може да обезбеди значителна заштеда на батеријата.

Ако батеријата и покрај сето ова драстично ја губи енергијата во текот на ноќта (а веројатно и во текот на денот), потребно е да побарате помош од сервис или да ја замените батеријата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img