домаСветИнцидент во установа за психијатриска нега во Шпанија: Едно лице загина, а...

Инцидент во установа за психијатриска нега во Шпанија: Едно лице загина, а 18 се повредени – аупсен е штитеник осомничен за предизвикување на пожар

- Advertisement -spot_img

Едно лице загина, а 18 се повредени во пожар во установа за психијатриска нега во шпанскиот град Памплона, објави денеска шпанскиот јавен сервис RTVE.

Шпанската полиција уапси жена – штитеничка на установата „Падре Мени“ во Памплона – под сомнение дека го предизвикала пожарот, кој избувна во саботата вечерта.

Во пожарот загина 56-годишна штитеничка на установата, додека 18 лица беа пренесени во Универзитетската болница во Навара.

Шеесет и двегодишен маж, исто така штитеник на установата, останува хоспитализиран на одделот за интензивна нега во тешка состојба, соопшти Одделот за здравство на Владата на Навара.

Две лица се примени на лекување на психијатриското одделение, додека двајца мажи се под опсервација на одделот за итна помош.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img