Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека договорот меѓу САД, Данска и Гренланд помага „да се потврди данскиот суверенитет“ врз оваа арктичка територија, објави Радио Телевизија Ирска.
– Едноставно забележувам дека данскиот суверенитет се почитува, дека меѓународното право се почитува и дека тоа е токму она што го баравме. Затоа, ова е добра работа – изјави Макрон за време на посетата на француската прекуморска територија Сен Пјер и Микелон.
Претходно, Данска го поздрави „обврзувачкиот“ договор објавен од американскиот претседател Доналд Трамп, со кој на Вашингтон му се дава „трајна контрола“ врз безбедноста на Гренланд и се забранува отворање руски и кинески бази на таа арктичка територија, објави РТЕ.






