домаМакедонијаАхмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница

Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница

- Advertisement -spot_img

Вечерва во Тетово се одржува средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, како и раководните тимови на двете партии.

Во центарот на средбата, како што соопшти ДУИ, е координацијата на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

„Двајцата претседатели разговараат за организирањето на активностите на терен и за заедничкиот ангажман на структурите на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) во поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Аркин Јахији“, соопшти ДУИ.

На средбата се утврдуваат и понатамошните чекори за заедничкиот ангажман во пресрет на изборниот процес во Брвеница.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img