домаРегионОд јануари минимална плата над 1.000 евра во Црна Гора

Од јануари минимална плата над 1.000 евра во Црна Гора

- Advertisement -spot_img

Од 1 јануари 2027 година во Црна Гора значително ќе се зголемат минималните плати, според новата владина програма „ЕВРО МОДЕЛ“, која опфаќа повеќе од 250.000 вработени во јавниот и приватниот сектор.

Според моделот, минималната нето-плата за вработените на работни места за кои се бара основно или пониско образование ќе изнесува 1.000 евра. За работните места со средно образование минималната плата ќе биде 1.250 евра, додека за оние со високо образование ќе достигне 1.400 евра.

Дополнително зголемување на платите би можело да следува доколку социјалните партнери го прифатат предлогот на Владата за зголемување на пресметковната вредност на коефициентот, кој би се применувал подеднакво во јавниот и приватниот сектор.

Промени се најавуваат и кај пензиите. Од 2027 година тие треба да се усогласуваат четири пати годишно, наместо досегашната практика.

Според најавите, просечната пензија во април би требало да надмине 600 евра, додека минималната пензија би била над 500 евра. Во декември, пак, секој пензионер би добивал и дополнителни 100 евра зимски додаток.

Владата на Црна Гора го усвои „ЕВРО МОДЕЛ“ на седницата и најави дека предлогот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img