домаЕкономија4,7 отсто од домашните претпријатија биле странски филијали

4,7 отсто од домашните претпријатија биле странски филијали

- Advertisement -spot_img

Во 2024 година, 4.7 % од домашните претпријатија во деловниот сектор се контролирани од странство, соопшти Државниот завод за статистика

Во 2024 година, 3 2801) или 4.7 % од претпријатијата во деловниот сектор2) се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство.

Странските филијали ангажираат 24.2 % од вкупно вработените и создаваат 37.0 % од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 35.3 %, Информации и комуникации со 16.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 11.5 %.

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 92.8 %, земјите членки на ЕУ контролираат 44.6 % од странските филијали, во кои се ангажирани 62.8 % од вработените и учествуваат со 61.9 % во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 17.4 %, Холандија со 11.0 %, Германија со 9.7 % и Обединетото Кралство со 9.0 %.
______________________________________
1) Зголемениот број опфатени претпријатија, како резултат на подобрениот извор на податоци, нема значително влијание врз придонесот на резидентните претпријатија контролирани од странство во вкупната економија.
2) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен И, Љ и О94.

2024 година

Претпријатија контролирани од странство: 4.7 %

Од вкупно вработените ангажираат: 24.2 %
Од додадената вредност создаваат: 37.0 %

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img