домаМакедонијаСведок од МВР на судењето за деветмината полицајци – пристапот за...

Сведок од МВР на судењето за деветмината полицајци – пристапот за возила пред „Пулс“ беше хаос

- Advertisement -spot_img

Сопственикот на Пулс Дејан Јованов, не им ја покажал лиценцата на полицајците кои биле во акциска контрола во 2023 година. Ова произлезе од денешните сведочења на судењето за 9 мината полицајци обвинети за злуопотреба – дека без да направат соодветни проверки дали Пулс има доволно паркинг места и дали имало нарушувања на јавниот ред и мир дале согласност за да добие лиценца.

Еден од сведоците инспекторка за странци од регионален центар Исток која одела во акциски контроли во Пулс заедно со други колеги од други области, кажа дека пристапот за возила пред Пулс бил Хаос не се поминувало, имало паркирани возила и на улицата. Дали нејзините колеги откриле нерегуларности како нарушување на јавен ред и мир или малолетници немаше информација но посочи дека се е регистрирано во нивните извештаи за секоја контрола но посочи дека при контролата на 3 март 2023 Златко Кузмановски, како одговорен за акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс

Од страна на сопственикот Дејан Јованов лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид, со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и дека ќе ја донесе во понеделник. Тврдеше дека ги има поднесено документите за обновување на лиценцата за работа пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година – Деспина Симеонова, сведок.

Сведочеше и Кузмановски кој е пензиониран од полициската станица Кочани веќе три години. Додеа тој бил сменоводител имало неколку нарушувања на јавниот ред и мир но како што кажа не во Пулс, затоа што дискотеката имала солидно обезбедување туку надвор.

На пример, ќе се замерат во дискотеката и после кога ќе си одат дома тепачката може да има пред дискотеката, на улица или во бурекџилница каде што ќе продолжат, рече сведокот.

Одбраната и денеска реагираше затоа што и по 6 месеци не можат да го добијат клучниот доказ од СВР Штип а судот по втор пат добил известување дека го немаат во оригинал, а во доказниот материјал имал иста копија.

Денешните тројца сведоци од МВР се последни предложени од обвинителството потоа одбраната продолжува со доказна постапка.

Во понеделникот се одложи судењето против 13 полициски службеници и началници обвинети за загрозување на општата безбедност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“, бидејќи ниту еден од повиканите четворица сведоци не се појави.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img