домаМакедонијаОсудениот доктор Мухамед Асани за три дена треба да се јави во...

Осудениот доктор Мухамед Асани за три дена треба да се јави во струшкиот затвор од отворен вид

- Advertisement -spot_img

Гинекологот и поранешен директор на Општата болница Струга, Мухамед Асани, кој уште во април правосилно е осуден на казна затвор од три години, зашто на родилката Јалдз Веапоска од Дебар ѝ ги извади матката, јајчникот и бубрегот при царски рез, побарал да му се одложи издржувањето на затворската казна.

Од Управата за извршување на санкциите за „Слободен печат“ велат дека тој треба да се јави на извршување казна затвор во КПД од отворен вид во Струга на 20 септември, поточно за три дена од денес.

Апелациониот суд Битола ја одби неговата жалба и ја потврди затворската казна за тешки дела против здравјето на луѓето. Исто така, Апелациониот суд за гинекологот Асани ја потврди и споредната санкција – пет години забрана да врши професија, дејност или должност лекар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img