Затнат нос, болки во грлото и температура, дел од симптомите поради кои штипјани бараат спас во Итната медицинска помош. Променливите температури во последниот период се одразија врз здравјето на граѓаните, па лекарите имаат бројка на пациенти кои се јавуваат со вакви тегоби. За М-Нет телевизија тие велат дека имаат и поединечни случаи со повраќање и дијареја, но тие како што велат не се толку чести. Од Итната медицинска помош, сепак, информираат и за посериозни случаи, меѓу кои срцеви и мозочни удари.
,,Имаме зголемен број на пациенти, кои што почнуваат да се жалат на како што кажав симптомите од општата инфективен синдром, односно на затнат ос, болки во грлото, благо покачена температура. Се уште имаме пациенти кои што знаат да се ожалат и на симптоми од гастроинтестинално потекло, односно на повраќање и дејареа, но тие се спорадични појави. Моментално хроничните пациенти, кај нив доага до блага стабилизација на нивната општа здравствена состојба, односно на крвниот притисок. Сега поради драстично намалување на температурите, имаме појава и на малку по сериозни случаеви, како што се мозочните и срцевите удари.“, вели Наков
Од Итната медицинска помош аптија апел до хронично болните да внимаваат на своето здравје и редовно да одат на лекар. Ако почувствуваат силна и ненадејна главоболка, вртоглавица, болка или стегање во градите, или пак трпнење и слабост во левата рака, да не чекаат, туку веднаш да побараат лекарска помош.
,,Во оваа прилика како апел до пациентите кои што се хроничари, во овој период да ја следат нивната здравствна состојба, да вршат редовен преглед кај нивните матички лекари и при појава на некои посериозни симптоми нагли и јаки главоболки, вртоглавици, болки и стегање во градите, зафаќање и трпнење на на левата рака, да се јават во прва прилика кај лекарите дали матичките или лекарите од брзата помош, за доиследување на таа симптоматологија.“, додава Наков
Лекарите велат дека навремената реакција е најважна, особено кога станува збор за посериозни симптоми. Апелот е граѓаните да не чекаат состојбата да се влоши, туку навреме да побараат медицинска помош.






