Додека борбите во Украина се интензивираат, Зеленски најави средби со американските партнери за мировните напори и нова воена помош, вклучително и воздушна одбрана.
„Ова се однесува на преговори и напори за приближување кон мирот, како и на како и на енергетиката, безбедноста на храната и оружјето. Ќе има нови пакети за поддршка на Украина, вклучително и за противвоздушна одбрана“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во истовреме, Киев е подготвен за енергетско примирје со Москва, но бара целосна забрана за напади врз енергетската инфраструктура.
„Украина е подготвена за енергетско примирје. Доколку Русија е сериозна, нека ги достави списоците на објекти и деталите“, изјави Георгиј Тихиј, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина.
Од друга страна, во пресрет на утрешните парламентарни избори во Русија, Путин нагласи дека гласањето ќе помогне да се обезбеди победата на Русија и да се покаже национална решителност и покрај надворешниот притисок.
„Вашиот избор и волја повторно ќе покажат дека милиони луѓе ги поддржуваат нашите борци. Секоја глас на избирачите е важен“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Во меѓувреме, Гутереш понуди да биде домаќин на мировни преговори меѓу Москва и Киев, додека американскиот Конгрес изгласа построги санкции против Русија.






