домаМакедонијаПожарникари со скала стигнале до девојче на четврти кат во Струмица

Пожарникари со скала стигнале до девојче на четврти кат во Струмица

- Advertisement -spot_img

Необична интервенција на струмичките пожарникари вечерва завршила без последици, откако загрижени родители побарале помош бидејќи нивната малолетна ќерка со часови не одговарала на телефон и не ја отворала вратата од станот.

Според информациите што ги објави News24, интервенцијата се случила на улицата „4 Јули“ во Струмица, а станот се наоѓал на четвртиот кат.

Пожарникарите употребиле авто-скала со која стигнале до терасата, а оттаму успеале да влезат во станот.

По влегувањето било утврдено дека девојчето е безбедно и спие. Таа, според објавените информации, не ги слушнала телефонските повици и ѕвонењето на вратата.

Интервенцијата завршила без потреба од дополнителна помош, а родителите добиле потврда дека нивната ќерка е во добра состојба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img