домаМакедонијаПреспа тргнува кон УНЕСКО: Македонија, Албанија и Грција со заедничка кандидатура

Преспа тргнува кон УНЕСКО: Македонија, Албанија и Грција со заедничка кандидатура

- Advertisement -spot_img

Македонија, Албанија и Грција подготвуваат заедничка кандидатура регионот на Преспа да биде впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, со што трите држави сакаат природното и културното богатство на прекуграничниот регион да добие повисок степен на меѓународна заштита.

Иницијативата била една од темите на средбата меѓу албанскиот министер за туризам, култура и спорт Бленди Гонџа и новоименуваната грчка амбасадорка во Тирана, Ламбрини Комини. Албанската страна соопштила дека го поздравува предлогот на грчкото Министерство за култура и е подготвена заедно со Македонија да работи на кандидатурата.

Според Гонџа, евентуалниот статус на светско наследство не би значел само меѓународно признание за Преспа, туку и поголема можност за заштита на културното и природното наследство, развој на одржлив туризам и подобрување на економските перспективи за локалното население.

Преспанскиот регион е поделен меѓу трите земји, а Големото и Малото Преспанско Езеро со околните планини претставуваат единствен природен систем. Грчкиот дел од Преспа уште од 2014 година се наоѓа на прелиминарната листа на УНЕСКО како мешано природно и културно наследство, со византиски и поствизантиски споменици.

Преспа веќе има една важна врска со УНЕСКО. Охридско-преспанскиот регион на територијата на Македонија и Албанија од 2014 година е признат како прекуграничен биосферен резерват во рамките на програмата „Човекот и биосферата“. Новата иницијатива, сепак, е поинаква – целта е Преспа да добие статус на светско наследство со заедничка кандидатура на сите три држави.

Идејата е Преспа да стане пример за прекугранична соработка во Европа, каде заштитата на природата и културното наследство ќе се поврзе со туризмот и локалниот економски развој.

Процесот до евентуално впишување на Листата на светско наследство е долг и подразбира подготовка на заедничка номинација, планови за управување и докази дека регионот има исклучителна универзална вредност и соодветни механизми за долгорочна заштита.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img