домаМакедонијаСо еден билет ќе се патува со воз и автобус низ Скопје

Со еден билет ќе се патува со воз и автобус низ Скопје

- Advertisement -spot_img

Град Скопје, во соработка со Министерството за транспорт, планира воведување интегриран билет со кој граѓаните ќе можат да користат различни видови јавен превоз без да плаќаат посебен билет при секое префрлање.

Ова го најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, идејата е патниците со еден билет да можат да комбинираат, на пример, воз и автобус и на тој начин полесно и поевтино да стигнат до саканата дестинација.

„Да не се симнувате од воз, а сте платиле 40 денари, па се качите во автобус да платите уште 35 денари. Со еден билет да можеш да се качиш од Зелениково, да отидеш до Ѓорче Петров, да стигнеш до трета позиција“, објасни Ѓорѓиевски.

Тој очекува системот да биде разработен и подготвен до средината на следната година.

Според Ѓорѓиевски, интегрираниот билет треба да им овозможи на граѓаните поедноставно патување, помалку изгубено време и пониски трошоци при користењето на јавниот превоз.

„Треба како систем да го изработиме во наредниот период и верувам дека некаде до средината на наредната година би имале резултат“, рече Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img