домаМакедонијаСкопје добива силна поддршка од Владата за решавање на децениските проблеми

Скопје добива силна поддршка од Владата за решавање на децениските проблеми

- Advertisement -spot_img

Во својата изјава за 4ТВ, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна клучната улога на централната власт во надминувањето на инфраструктурните и комуналните предизвици на главниот град.

Ѓорѓиевски потенцираше дека во изминатиот период има извонредна соработка и поддршка од претседателот на Владата, самата Влада во целост, како и од Министерството за транспорт, објави 4news.mk

Според него, брзата реакција на Владата — како што е неодамнешното одобрување на одлуката за набавка и отстапување на новите комунални камиони — е од суштинско значење за нормализирање на јавните услуги во Скопје.

Градоначалникот додаде дека административните и законските процедури одземаат време, но со помош на државните институции, започнатите процеси за модернизација на сообраќајната и комуналната инфраструктура ќе бидат финализирани во најкраток можен рок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img